Македонскиот јазик да се изучува на сите високообразовни установи

Задолжително изучување на македонскиот јазик на високообразовните институции е прeдлогот на стручната фела во донесувањето на новиот Закон за употреба на македонскиот јазик и тоа е новина, смета професорката Пановска -Димкова.

Лично сметам дека има голема потреба од тоа. Зошто да не учат и медицинари, стоматолози итн. Барем една година за да се зголеми нивото на писменост, вели професорката Пановска – Димкова.

Формирањето на инспекторатот за употреба на македонскиот јазик како посебна институција во рамки на Министерството за култура е вклучено во новиот Закон за употреба на македонскиот јазик.

Инспекторат е една нормална појава и идејата не е да се казнува по секоја цена, туку да се помага, да се усовршува, да не се прават непотребни грешки кои не зборуваат добро за сите нас, вели претседателот на Советот за македонски јазик Људмил Спасов.

Возобновувањето и отворањето нови лекторати во странство е процес кој треба добро да се осмисли.

Малку поажурно да се воспостави контакт и со амбасадите, со владите на тамошните земји во кои што ќе го пратиме тој лектор. Не да го праќаме лекторот сам да чука по вратите на амбасадите, вели проф. д-р Весна Мојсова- Чепишевска.

Законот за употреба на македонскиот јазик предвидува вработување лектори со завршен македонски јазик во сите државни и јавни институции, во сите субјекти во државниот и јавниот сектор и афирмација на македонскиот јазик во странство.

Нина Стефанова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ