ДИК се прогласи за ненадлежна за да пресече за началник на СВР Скопје

Ристо Ставревски ќе биде прв човек на СВР СКопје. Вака пресече техничкиот министер Наќе Чулев после одлуката на ДИК дека е ненадлежна да се меша во кадровските решенија во МВР. И покрај тоа што заменичката на Чулев Славјанка Петровска не го сакаше Ставревски за прв човек на скопската полиција, оти го има во прислушкуваните разговори, сепак решението ќе оди и без еден потпис. За Чулев Ставревски е легитимно избран и тоа е затворено прашање. Претходно ДИК остави двајцата технички министри во МВР да го решат проблемот со началник на СВР Скопје. Членовите на комисијата имаа ист став дека не се надлежни да се мешаат во кадровските решенија.

Петровска не го потпиша решението на Ставревски поради тоа што го слушала во бомбите како разговара со екс министерката Гордана Јанкуловска. Темата како што рече петровска била поврзана со изборни нерегуларности, а токму новите решенија треба да гарантираат фер избори.

За спорови меѓу двајцата министри во техничката влада може да решава управниот суд но само доколку поднесат тужба. Дополнителната министерка се уште не одлучила дали ќе го стори тоа но останува на ставот дека не треба да се фрли ниту една дамка на изборниот процес со луѓе кои влијаеле врз изборниот процес во минатото.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ