Фон дер Лајен: ЕУ да ја заврши својата домашна задача кон Северна Македонија и Албанија

На земјите од Западниот Балкан мора да им се даде вистинска европска перспективa и да се задржи нивната мотивираност за напредок. Ова од говорницата на Европскиот парламент денеска го побараа претседателката на Европската комисија, но и премиерот на земјата претседавач – Хрватска, според кои Унијата мора да го исполни своето ветување кон Западиот Балкан, пред се со почитување на политичките критериуми и индивидуалниот напредок на секоја земја одделно.

Нема тука залетување. Има внимателна, одговорна логика, за оние кои се европски држави, кои се опкружени со држави-членки на ЕУ. Да бидеме јасни, земјите од Југоисточна Европа нема каде да одат на друго место. Нема да станат членки на САД, на Кина, на Русија или каде било на друго место. Единствен начин за движење напред е Европа. Наша политика е да се структуираат тие односи на сериозен начин. Доколку применуваме политики со кои ќе им оставиме впечаток дека тие ќе останат во чекалната засекогаш, нема да биде добро, рече Андреј Пленковиќ, премиер на Хрватска.

Фон дер Лајен пак смета дека е особено важно да се задржи моментум во регионот пред Самитот во Загреб.

Доколку сакаме самитот со Западниот Балкан да биде успешен, мора да ја завршиме нашата домашна задаче сега. Тоа е причината зошто ќе ја предложиме нашата методологија за проширување за неколку недели за да може да дискутираме за модернизацијата која е неопходна, но најважен дела е да им дадеме на нашите пријатели во Западниот Балкан перспектива за стар на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија, рече Урсула фон дер Лајен, претседателка на ЕК.

Претседателката на Европската комисија и денеска не пропушти да повтори дека Македонија и Албанија го завршиле тоа што Унијата го барала од нив и оти сега е врема таа да им ја даде вистинската перспектива да продолжат.

Тамара Грнчароска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ