ДУИ го условува поништувањето на лустрацијата

ДУИ не е против Законот за поништување на лустрацијата. Но, поддршката од пратениците на оваа партија е условена со две барања: прво, широка дебата и второ, истовремено да се понуди решение и за политичките затвореници.

СДСМ се согласува за дебата и очекува координација на повисоко политичко ниво во наредниот период. Овој став уследи вчера по неуспешниот обид да се одржи седница на Комисијата за политички систем, во која не можеше да се обезбеди кворум. Дел од членовите воопшто не дојдоа, ВМРО ДПМНЕ остана надвор од салата, а претседателот Александар Кирацовски констатирше дека има опструкции од опозицијата, во кои се придружиле и Партијата на турците и ДУИ. Пратениците од ВМРО ДПМНЕ соопштија дека со сите средства ќе се спротивстават на овој закон. Нивните колеги од Независната немаат став.

Законот што го предложи Министерството за правда  предвидува поништување на сите решенија за лустрација и обештетување на лицата што беа прогласени за кодоши. За период од шест години, такви решенија добија околу 200 професори, писатели, активисти и полициски функционери. Дел од нив паднаа пред Управниот суд, а дел во Стразбур.

Соња Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ