Транспортерите ќе бидат во целост обештетени

Транспортерите ја прифатија втората понуда на Еуроникел, претставништвото на фирмата Џи сол која е закупец на комбинатот Фени. Веднаш ќе им се исплатат побарувањата во висина од 3,1 милиони евра.

Со постигнатиот договор се прекинува протестот на Здружението на Киперските транспортери од Кавадарци и ќе се овозможи непречен и континуиран дотур на материјали во фабриката. Вкупните побарувања што Еуроникел им ги исплаќа на транспортерите се побарувања од фирмата Нова Логистик која скоро е извесно дека оди во стечај и се во вредност од 3.1 милиони евра, соопштија од Еуроникел.

Бугарската фирма Минстрој која веќе ги има рудниците Злетово и Тораница денеска повтори дека сериозно влегува во битката за купување на Фени.Од македонско бугарската комора тврдат дека Минстрој  понудил 100 % исплата на побарувања на банките и трошоците на стечајната постапка за што дале банкарска гаранција и депозит

„Покрај исплатата на сите доверители Минстрој достави понуда до Владата и Банките дека во наредните две години ќе вложи инвестиции од 30 милиони евра за санација на двете електро печки и останатата опрема.Исто така остануваме на официјалната понуда кон останатите доверители за исплата на побарувањата утврдени во стечајната постапка во висина од 100%“, кажаа од Минстрој Холдинг.

Пред 10 дена вицепремиерот Кочо Анѓушев рече дека ќе го поддржат секој инвеститор кој што ќе ги плати сите обврски кон доверителите но Минстрој рече тој едно понудиле на состанок со владините претставници а сосема друго на средба со банките доверители, па наместо усно ветеното 100 % обештетување, рече Анѓушев Минстрој во допис напишал дека обештетувањето ќе биде со одреден процент.

Виолета З Стојановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ