
Заканувачот Емил Јакимовски во полициска станица по пријавите за закани од двете новинарки
Од МВР за Телма потврдија дека лицето Емил Јакимовски во моментот дава исказ во скопска полициска станица.
-Во моментот е во полициска станица, се работи на целосно расчистување на случајот, ни одговорија од МВР.
Двете новинарки Мери Јордановска (А1он) и Искра Коровешовска (ТВ Алфа) вчера го пријавија Јакимовски за заканите и навредите кои кон нив ги упатил Емил Јакимовски преку социјални мрежи.
Има повеќе пријави за сличен тип испади и инциденти предизвикани од Јакимовски (кој до неделата беше вработен во Централниот Регистар). Пријавите во полиција против Јакимовски биле поднесени од повеќе лица, но има и од институции.
И Централниот регистар соопшти дека директорката Марија Бошковска Јанковска, но и други вработени во институцијата имале закани од Јакимовски кој е избркан од работа поради злоупотреба на боледување и нарушување на угледот на институцијата.