
Tони Трајковски утре ќе биде спроведен со полиција , откако и денеска не се појави на судењето за ТНТ
Тони Трајковски утре ќе биде стражарно спроведен во кривичниот суд , бидејќи денеска не се појави на почетокот од судењето за ТНТ.
Адвокатот Страшевски рече дека не добил покана, а судијата Ставрев му одговори дека бил уредно поканет бидејќи вчера судскиот курир дошол на врата каде пријавил адреса на живеење, но никој не му отворил.
Денеска судењето за незаконското рушење на комплексот Космос, на Фијат Цаноски, требаше да почне отпочеток, откако вчера судијата поротник Лилјана Ивановска Кочковска поднесе неотповиклива оставка.
Судијата Огнен Ставрев ја повика одбраната да ја почне постапката одново, но само со читање на досега изведените материјали.
За делото се обвинети повеќе лица, меѓу кои ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и тогашниот градоначалник на Општина Гази Баба Тони Трајковски, додека во отсуство му се суди на поранешниот премиер Никола Груевски.