САД веќе не ја оквалификуваат Кина како валутен манипулатор

САД одлучија да се откажат од оквалификувње на Кина како валутен манипулатор, се нагласува во извштај на Министерството за финансии. Исклучувањето од списокот беше направено во очекување на потпишување на првата фаза од трговскиот договор меѓу Вашингтон и Пекинг.

Според нив, Кина одлучила да се „воздржи од конкурентна девалвација, и во исто време да гарантира отчетност и транспарентност“.

– Министерството за финансии помогна за постигнување договор во првата фаза со Кина што ќе донесе поголем економски раст и можности за американскиот бизнис, се вели во соопштението.

На 5 август 2019 година Министерството за финансии на САД ја класифицираше Кина како валутен манипулатор и побара од Пекинг „транспарентна валутна политика“

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ