ТНТ се враќа на почеток, за траењето на постапката ќе пресуди одбраната

Писмото со оставката на поротничката, поради истек на мандат и здравствествени причини, кое пристигнало во Кривичен непосредно предо судењето за ТНТ, го подели расположението во судницата. За одбраната победила правдата и се потврдило дека на поротничката и е истечен мандатот и не смее да доаѓа на судење. За судот  но и обвинителот Рустеми оставката е плод на заканите со кривични пријави и притисок од страна на одбраната . Оштетениот инвеститор на Космос Цановски отиде и чекор понатаму. Вели зад оставката стои мафијата.

-Кога велам мафијата, мислам на Груевски, Јанакиески, заедно со Тони Трајковски, кои го направија целото рушење. Одбраната како што гледате настојува да се пролонгираат судењата. Очекуваат дека на наредните избори ќе победат па поторно ќе завладее “сваровски” судството па така ќе се спасат од криминалите што ги направиле, изјави Фиат Цановски

-Надвладеа разумот и победи правдата конечно. Сите сценарија кои сакаа од Кривичнот суд да ги наметнат дека праивме притисок  се покажа дека не се точни, рече Јовица Страшевски, адвокат на Тони Трајковски.

Предметот ќе почне со нов судија поротник но ќе им и еден резервен како во случаите Титаник, 27 април, Рекет и други предмети, за да се спречи во иднина евентуално нова блокада . Судијата Огнен Ставрев им фрли ракавица на обвинетите и адвокатите. Ако изминатиот период ја говореле вистината дека се борат за владеење на правото а не за одолговлекување да покажат на дело од утре .

Судечкиот совет на одбраната и понуди, доколку не сакаат непотребно да ја одолговлечат постапката, да прифати судењето да почне формално од почеток со читање на доказите заради запознавање на новиот поротник, а без нивно повторно изведување за што веќе има воспоставена пракса со нивните колеги адвокати во предметот на јавноста познат како „Еразмус“, велат од Кривичен

Адвокатот на Тони Трајковски лично е против  пократкиот пат до пресуда преку читање на докази. Обвинителот Рустеми вели неприфатливо било досегашното  однесувањето на одбраната која имала цел да одологолекува но стравува дека така ќе биде и во иднина.

Очекувам да трае подолго судењето. Мислам дека одбраната нема да се согласи да се читаат исказите и да се одвивап обрзо судењето. Нивната цел беше поинаква да се одолговлеи постапката и да трае дополнително уште година двеЗа жал немаме механизам да го спречиме тоа, изјави обвинителот Бурим Рустеми.

Подобро е да се изведат повторно но ако се согласат сите и јас ќе се согласам. Јас само два часа вршев увид во предметот и од доказите не знам ништо. На тој начин не е успорена постапката, изјави Страшевски

Цановски е пак оптимист дека повтореното судење ќе заврши побрзо.

Денеска во судница не беа присутни обивнетите Тони Трајковски и Елизабета Најдовска. Не добиле покани.

Судењето за незаконско уривање на Космос е закажано за утре. По две години  судење, ТНТ повторно треба да почне од почеток.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ