МВР: Беќир Асани, партискиот функционер на ДУИ и подвикнал, а полицајката сама се повредила од „пајак“ возилото

 

Партискиот функционер на ДУИ Беќир Асани не ја тепал, туку гласно и се развикал на полицајката пред Т.Ц. „Мавровка“. Таа сама се удрила во „пајак“ возилото. Министерот Оливер Спасвоски ја прими во кабинетот, ја сослуша, и официјалано ја објави верзијата која му ја раскажала, како што велат од МВР самата Јасмина Јаначковска.

„На прашањето од министерот дали имало било каков физички контакт и зошто полициската службеничка побарала медицинска помош, Јаначковска  објасни, дека со лицето Б.А. имала само вербална расправија, меѓутоа  при повлекување од местото на настанот таа се удрила со левата рака во специјалното возило „пајак“, но не се здобила со посериозна повреда, што било констатирано и при лекарскиот преглед во градска болница Св. Наум Охридски“, велат од МВР.

МВР го гони Асани дека го нарушил јавниот ред и мир и ќе се соочи со максимална казна од 800 евра и го затвори случајот, кој пак остана со прашалници за јавноста. Професорката Мирјана Најчевска прашува од кого бегала во страв полицајката за да не го види „пајак“ возилото? Полицијата тврди дека немало физички конткат за тој да биде соочен со затворска казна за кривично дело физички напад, но не појаснуваат зошто Асани не се гони кривично за попречување на работата на службено лице. Вчерашниот инцидент е уште една потврда во општеството дека насилството се толерира и поминува неказнето, реагираат од здруженијата за заштита на човекоите права.

Јаначковска ќе раскаже дека не го познава Асани, но тој е добор познат на полицијата која неколку пати ќе го евидентира како учесник во насилство. Пред 2 години тој со уште 3 тројца партиски лица на ДУИ физички го нападнаа претседателот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров, а добија кривични пријави. Ниту за овој инцидент, ниту за претходните два Асани не стаса до суд, а оттука и сомнеж дека тој е политички заштитен со што сериозно се нарушува довербата во полицијата, смета Цветковиќ.

Освен Асани само во јануари 4 други насилници запрени малтретирале, напаѓале и предизвикале инциденти со полицијаци. Многу поголем е бројот преку целата година. По, средбата со Јаначковска, министерот Спасовски ја испрати од кабинетот со охрабрување да продолжи да си ја врши работата професионално и неселективно. На местото на вчерашниот инцидент, денеска нема полиција, но има голем број паркирани возила со ист сообраќаен прекршок како оној на партиксиот функциоенр на ДУИ од Чаир, Беќир Асани.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ