
Со огнено оружје убиени две жени во Прилеп а еден маж е тешко ранет
Двојно убиство се случи утрово во 8 часот во семејна куќа на улицата Александар Македонски во Прилеп.
Со огнено оручје убиени се две жени, а еден маж е тешко повреден.
За убиството осомничен е 50 годишен прилепчанец, кој ја усмртил 40 годишната сопруга и нејзината 63 годишна мајка.
Со две прострелни рани се здобил и братот на сопругата кој е хоспитализран во прилепската болница. Во обид да биде совладан со повреди е и осомничениот за двојното убиство, кој исто така е во болница и му се укажува медицинска помош.
По двојното убиство во Прилеп, соседите на двете убиени жени се во шок
Од битолската полиција велат дека обезбедени се докази и траги од лице место кои ќе бидат предмет на вештачење и треба да помогнат во расчистување на случајот.
Исто така обезбедено е и лицето кое е осомничено за убиството на двете жени во Прилеп. Јавен обвиниел заедно со полициски екипи извршија увид на местото на убиството, а истото така извршен е и претрес во домот на осмничениот прилпчанец.
Засега мотивот за двојното убиство на сопругата и нејзината мајка не е познат, но од обвинителството наведуваат дека според нивни сознанија поради претходно нарушени брачни односи, осомничениот не живееле во заедница со неговата почината сопруга.
Нивниот десет годишен син сега е згрижен од стручниот тим на Центарот за социјални работи.
Емилија Мисирлиевски