
Нова жртва на пожар – изгоре 42-годишен Штипјанец
Во пожар во својот стан изгоре 42-годишен Штипјанец. Пожарот избувнал на петиот кат во зградата на булеварот ЈНА во штипската населба 8-ми Ноември утрово околу 10 и 30 часот, по што соседите веднаш ја повикале Единицата за противпожарна заштита.
– На лице место имавме 3 возила и 10 пожарникари. За кратко време пожарот го локализиравме -изјави Тони Георгиев од ТППЕ – Штип.