Петровска не прифаќа Ставревски да биде шеф на СВР Скопје

Заменик министерката во МВР, Славјанка Петровска не ја потпишала одлуката за назначување на Ристо Ставревски за шеф на Секторот за внатрешни работи во Скопје.

Телма дознава дека Петровска добила вкупно 11 решенија, од кои потпишала  10, а го дисквалификувала Ставревски. Тој не бил прифатлив оти бил советник на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и сведок во случајот на СЈО „Тенк“, односно неговиот глас се слушал и во бомбите како врши притисок врз гласачи.

Предлогот за негово именување го дал техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев, предложен од ВМРО-ДПМНЕ. Инаку, досега оваа функција, ја извршуваше беше Тони Јакимовски.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ