Сапуницата „ТНТ“ продолжува со нови писма од одбараната

Адвокатот на Елизабета Најдовска, Мерџан Даути со ново писмо до претседателот на Кривичен, Иван Џолев , обвинува дека барањето до адвокатска комора за да им се одземат лиценци, е обид за замолкнување на одбраната.

-Не се плашете претседателе, овој предмет застарува во 2031 година, и не разбирам на Вашето инсистирање спротивно на сите позитивни закони, да предметот познат за јавноста „ТНТ“ да заврши пред изборите или во најкусен можен рок, т.е. текот на овој месец, пишува Даути.

Тој  очекува  дека Апелација и Врховен нема да го премолчат тоа што не му било дозволено да го користи албанскиот јазик и дека ќе го укинат и ќе го вратат предметот од почеток .

Дали на судењето ке се појави адвокатот на екс градоначалникот Трајковски, Јовица Страшевски нема потврда. Тој вчера од маврово каде што е на одмор рече дека покана не добил и ако добие ќе дојде. Од судот пак велат покани се испратени на крајот од минатата година кога биле и закажани новите термини за судење.

Додаваат и дека нема да ги коментираат изјавите и писмата на адвокатите и дека аргументите ќе ги остават за во судница од понеделник.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ