Страшевски во Маврово чека покана за ТНТ од Кривичен

Судот и одбраната се обвинуваат за закани и притисоци врз поротничката од „ТНТ“. Јовица Страшевски, адвокатот на екс градоначалникот Тони Трајковски тврди дека претседателот на Кривичен не ја прифатил оставката на поротничката која официјално ја доставила и до судската архива. Туку ја повикал кај него и и вршел притисок да остане на судењето. Од судот пак потврдуваат дека поротничката побарала прием кај Џолев но за да се пожали за заканите кои ги добива за да се откаже од судењето. Откако претседателот и ветил дека ќе ги преземе сите мерки за да ја заштити мегу кои и физичко обезбедување, таа прифатила да остане во предметот „ТНТ“, информираат од судот.

Јавно повикувам  да ако некој има закани јавувања или притисоци од мене да тоа го пријави до надлежните органи.Моите укажувања се да не се направат прекршувања на споменатите членови  кои се цитирани за што би се направиле одредени пропусти во постапката и прекршувања на законите, вели Страшевски.

Зачудува фактот како адвокатот кој официјално е на одмор и не може да се појавува на закажани судења, денеска повторно продолжува со прозивки и притисоци? Како и од каде адвокатот би знаел какви дописи се доставуаат до судот, од други лица, кога истите се доставуаат само до приемното одделение? Како се дозволува некој и понатаму да влијае на судиите и судиите – поротниции  надвор од судница, велат од Кривичен.

А во адвокатската комора пристигнала пријавата на Кривичниот суд  за Страшевски. Од комората велат дека сите докази ќе ги препратат до дисциплинските органи кои ќе одлучуваат дали Сташевски направил повреда. Судот го испратил  и документот со кој вчера адвокатот ги известил дека е на одмор до 17 јануари како доказ за опструкции од одбраната.

Заради интерес на медиумите за предметот во јавноста познат како „ТНТ“ и постојаните опструкции на поединци – странки во постапката, во целост го објавуваме последниот допис кој вчера кон крајот на работното време беше доставен до судот. За последните случувања и обиди за одолговлекување на главната расправа насрочена за 13 – ти јануари 2020 година, судот ќе ја извести  Адвокатската комора и Судскиот совет на РСМ, соопштија од Кривичен.

Ако добие покана за рочиштето на 13 јануари адвокатот Јовица Страшевски ќе дојде судењето за „ТНТ“ закажано за в понеделник.  Ова го потврди во телефонски разговор за Телма додека е на одмор во Маврово со сопругата и 4-те деца. Вели судот не му доставил покана а објавување соопштение на веб страна не го смета за заонски начин за закажување на рочиште.

Моето известување не значи и неприсуство во постапката во ТНТ Јас нема уредна достава. Ако добијам покана и ако таа покана не ја испочитувам тогаш од кривичниот суд и да покренуваат постапки, вели Страшевски.

Одбраната во „ТНТ“ секојдневно повторува дека мандатот на поротничката Кочовска е завршен на 24 декeмври и таа не смее повеќе да учествува во советот што суди за „ТНТ“. Судот е на став дека за престанок на мандат на поротник одлучува Судскиот совет кој ќе заседава на 27-ми јануари.  Ова е барем за сега и последниот  термин за крај на оваа војна мегу судот и одбраната. Во мегувреме беа закажа 10-тина нови рочишта за да заврши судењето со старата поротничка затоа што во спротивно ќе треба да се врати на почеток.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ