Мизрахи нема да дозволи антисемитизам

Техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи им порача на политичките противници дека нема да дозволи некој да го обележи народот како антисемитски. Нападите врз мене и мојот личен интегритет само ќе ме охрабрат дополнително да се борам за тоа што сум дојдена, изјави Мизрахи на прес конференција на која обелодени дополнителни 4.603 нови  нерешени барања за надоместок за помош на нега од трето лице, со што вкупниот број се искачи на 11. 514 нерешени предмети.

И Мисијата на ОБСЕ ги осуди сите форми на расизам, антисемитизам и нетолеранција. На официјалната страница на фејзбук ги повика членовите и подржувачите на сите политички партии да се воздржат од изразување и споделување навредлива содржина на етничка, верска или друга основа.

„Предизборните периоди се времиња кога државите се особено ранливи на говор на дискриминација и нетолеранција, што може да доведе до сериозни последици. Податоците на Мисијата и на локалните НВО од изминатите седум години покажуваат дека инцидентите од говор на омраза во Северна Македонија историски бележат пораст за време на предизборните периоди, особено по основ на етничка и политичка припадност“, велат од ОБСЕ.

Говорот на омраза и дискриминацијата го осудија и Претседателите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ Христијан Мицкоски и Зоран Заев.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ