
Продолжуваат препукувањата на релација Кривичен суд- адвокат Страшевски
Препукувањата околу истекот на мандатот на судија поротник од судечкиот совет за случајот „ТНТ“ од судница подолжија со отворени писма и дописи преку медиумите. Кривичниот суд денеска со ново обвинување до адвокатот Јовица Страшевски дека се обидува да го одложи рочиштето, откако вчера до судот доставил допис дека од 8-ми до 17-ти јануари ќе биде на одмор. Со ова, како што велат од судот, се прават обиди за одолговлекување на главната расправа закажана за 13 јануари годинава, и за ова ќе биде известена и адвокатската комора и судскиот совет.
Адвокатот Страшевски пак со контраобвинување, дека претседателот на Кривичен, Иван Џолев, прави притисоци, откако вчера судијката –поротник Лидија Ивановска-Кочковска поднела неотповиклива оставка од позицијата поради истек на мандатот на 24 декември, и при тоа во оставката го информирала Џолев. Но, по налог на Џолев, оставката не била прифатена и наводно и била итно повикана кај него со цел да се изврши притисок да мора да присуствува на рочиштата кои се закажани особено за предметот ТНТ, пишува во писмото адвокатот.
Од судот му одговрија на Страшевски:
-Неспорен е фактот дека судијата – поротник вчера побара прием кај претседателот на судот на кој му се пожали дека прима закани да се откаже од постапување во конкретниот предмет за што е доставена и изјава. Откако е посочено дека судот ги користи сите легални механизми да го заштити интегритетот и угледот на секој судија и судија – портоник и доколку е неоходно институциите може на секој судија и судија – поротник да му овозможат и обезбедување, поротникот се осгласи да продолжи да постапува се до евентуално разрешување од Судскиот совет. Зачудува фактот како адвокатот кој официјално е на одмор и неможе да се појавува на закажани судења, денеска повторно продолжува со прозивки и притисоци? Како и од каде адвокатот би знаел какви дописи се доставуаат до судот, од други лица, кога истите се доставуаат само до приемното одделение? Како се дозволува некој и понатаму да влијае на судиите и судиите – поротниции надвор од судница.
Инаку, Страшевски е адвокат на поранешниот градоначалник на Општина Гази Баба Тони Трајковски во случајот „ТНТ“. Одбраната на обвиниетите во „ТНТ“ изминатиот период укажуваше на судечкиот совет дека мандатот на поротничката Кочовска е завршен на 24 декeмври и поради тоа судската постапка мора да започне од почеток со нов поротник. Судечкиот совет, укажуваше на фактот дека за престанок на мандат на судија поротник одлучува Судскиот совет, чија седница е закажана за 27-ми јануари.