БЕСА, Алтернатива и Алијанса здружено против ДУИ?

Две години се расправаа, завршија и на суд, а сега се обединуваат против ДУИ. Билал Касами и Африм Гаши ги закопаа воените секири и заедно со Села ќе се обидат да ги избркаат од Илинденска интегративците кои годинава прославија полнолетство на власт. Цели 18 години се дел од сите влади, но со обединувањето, сега опозицијата се надева дека тоа ќе се смени.

Од ДУИ велат дека не им се плашат.

Партиските математики покажале дека само обединети, останатите партии на Албанците   можат да ја победат ДУИ. На парламентарните избори во 2011 и 2016, и на локалните во 2017 година, заедно имаа повеќе гласови од ДУИ, но не настапуваа заедно. ДПА на Мендух Тачи и овојпат ќе настапи самостојно. За коалиции со македонските партии ќе се размислува постизборно.

Далиборка Демјанска Цветановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ