
Протоколот за НАТО ќе се ратификува до 12 февруари
Собранискиот спикер Талат Џафери е оптимист дека до 12 февруари ќе се ратификува Протоколот за членство во НАТО. Во изјава за Телма Џафери вели дека по формирањето на Владата во Шпанија сега кај нас е многу полесна и појасна процедурата.
Во овој момент нема потреба да се брза со предвремена ратификација. Владиниот предлог е во собраниска процедура и нема индиции дека е неопходно предвреме да се постапува, ни изјави во телефонски разговор Џафери. Сите парламентарните партии се подготвени да дадат зелено светло.
Шпанскиот социјалистички лидер, Педро Санчез, денеска положи заклетва како премиер на Шпанија подржуван од помалите партии. Заклетвата ја даде пред шпанскиот крал Филип Шести, а членовите на новата влада планира да ги претстави следната недела. Шпанија е последна земја што треба да го ратификува Протоколот за НАТО, по што Македонија и официјално ќе биде прогласена за полноправна членка во НАТО.
Јулијана Пешевска