Фотографијата на Мизрахи причина за кавга меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ бара разрешувања на владините и партиските советници кои преку Фејсбук коментираа дека новата техничка министерка Рашела Мизрахи наместо да се слика со партиско знаме треба да го стави еврејскиот симбол Давидова ѕвезда.

Коментарот го објави советничката во СДСМ Мерсиха Смаиловиќ која тврди дека опозицијата пласира лажни вести и дека нејзиниот став е против користење на партиски симболи од државни функционери.

Преку Фејсбук реагираше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски кој заедно со својата партија тврди дека опозицијата користи говор на омраза и антисемитизам, а симпатизери на СДСМ ја нарекуваат ВМРО-ДПМНЕ фашистичка партија.

Од СДСМ пак ја нападнаа техничката министерка Мизрахи дека е некомпетнетна и дека според нив слугува на партиските наредби на Мицкоски за враќање на режимот со ширење невистини.

Објавено на
© 2026 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ