Удвоен промет, но и двојно зголемен сообраќаен хаос во Тетово

Секој втор автомобил во полошко е со странска регистрација. Печалбарите се вратија во својот роден крај. Тие двојно го зголемија сообраќајниот метеж, но и за 50 % се зголеми прометот во угостителските и трговските објекти.

Со парите кои ги оставаат печалбарите за време на новогодишните празници, практично како што истакнаа трговците преживуваат во останатите месеци од годината.

Гастрабајтерите пак велат дека би сакале да се вратат во својата држава и тука да печалат, но немањето инфраструктура и сложените бирократски процедури за отпочнување на свој бизнис, се најчестите пречки да преземат ваков чекор.

Експертите велат дека со парите кои ги трошат во текот на целата година, печалбарите го покриваат трговскиот дефицит затоа што нивниот прилив на пари понекогаш достигнува и до 1,5 милијарди евра. Сето ова треба да го земе во предвид држвата и да им даде на гастарбајтерите поволни услови за инвестисрање во својот роден крај

Министерот за економија Крешник Бектеши пак смета дека владата доволно прави за печалбарите.

Голем дел од печалбарите од полошките рурални општини, се отселени во западно европските земји. Одредени статистики говорат дека речиси 40 % од населението од овој регион е гастарбајтерско.

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ