
Прв ден на Техничката Влада
Кружната сала во белата барокна влада исполнета до последнета фотеља. Техничкиот премиер Оливер Спасовски не губеше време и една ноќ по изборот во собранието изутринава ги собра миниситрите на прва владина седница. Спасовски не губеше време и за свои заменици ја избра министерската тројка на претходник Заев.
Но, наместо Кочо Анѓушев за економија во министреството влета Мила Царвоска од труд и социјала. Бујар Османи и понатаму останува вицепремир за европски прашања. Историјата се повтори со пржинскиот модел но овој овој пат СДСМ ја води владата во која доби двајца министри и тројца замници од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Разузнавачот и министер за внатрешни Наќе Чулев стаса на владината седница но остана без активности по првиот минситерски ден. Неговата сопартијка, техничката министерка за труд и социјала ја презеде функцијата и веднаш најави реформи, но на совјот личен фејсбук профил.
„Центрите за социјална заштита не смеат да бидат алатка за партиска политика, туку алатка за заштита на оние на кои им е потребна социјална заштита.“
Погласни денеска беа замениците во земјоделие и информатичко општество. Невенка Стаменковска е загриежна дека во јавната админситрација царува непотизмот.
Цветан Трипуновски не губеше време и прв состави тим на соработници во министерстовто за земјоделие . Првото браќање за медиумите го отпочна ос партиска критика за власта, а праша нрече дека не се чувствува виновен за кривичната пријава од обвинителство која ја дели со неколку поранешни министри за земјоделие дека не ги раскинувале догвоеите за закуп на државно земјоделско земјиште.
Техничкиот премиер Спасовски, пак, остана на заложбите за завршување на отпочнатите реформи и законски измени. Владината седница будно ја следеше и генералниот секретар Драги Рашковски кој останува не променет од Спасовски. Овој владин состав треба да додржи и да соработува до 12 април кога политичките партии ќе истрчаат на предвремни парламентарни избори во трка за пратеници.
Павле Беловски