
Новиот закон за бесплатна правна помош ги дава и првите резултати
Новиот закон за бесплатна правна помош по три месеци ги дава и првите резултати е оценката на штипската Невладина организација ЕХО, која со години бараше промена, во интерес на жртвите на семејно насилство.
Истражувањата покажуваат дека жртвите им веруваат на граѓанските организации, кои со години работат на терен и им нудат помош. До нив веќе се поднесени пет барања за бесплатна правна помош.
Новото законско решение за бесплатна правна помош кој се работеше две години е една од најголемите придобивки оценуваат од ЕХО, а особено ако се има во предвид статистиката од лани во првата половина од годината, кога се регистрирани 1.000 жртви, од кои над сто се и деца.
Штип и Струмица се единствените кои имаат мултисекторски тимови за ефикасна заштита на жените и девојките од секаков вид насилство. Бесплатна правна помош нудат неколку граѓански организации од Скопје,Штип, Куманово, Струмица и Битола, случаите ги следат до завршницата на судските постапки.
Доколку се прифати барањето за бесплатна правна помош, државата е таа која ги подмирува сите трошоци.
Викторија Јованова