
Судења и правосудство во 2019 и 2020
Судбината на Катица Јанева ја сподели и СЈО. Сјајот и падот на специјалните се почувствува и врз предметите на СЈО кое и оваа судски турбулентна година беше оската околу која се движеше интересот на јавноста а се мешаше и политиката.
Резутатите се неколку првостепени пресуди од кои една една беше ослободителна (Тревник).
А една пресуда осудителна за Мијалков Тачи и членовите на дик Апелација ја укина на крајот на годината (Титаник 2).
Додека сите се подготвуваа за новогодишно празнување тројцата обвинети во Тарифа ги слушнаа 3 годишните пресуди.
Еден предмет стаса до конфискација (Труст) еден правосилно обвинет во затвор (Сеад Кочан) но застаре и едно обвинение (Груевски во Траекторија). Еден предмет цела година се одлагаше (Талир) а еден судски предмет на крајот од годината дојде пред крај за следната година да се врати на почеток (ТНТ) поради истечен мандат на поротник. Поротник беше причина што на почеток се врати и Тортура портив Мијалков и Алфите. Два предмета Триста и Тврдина два откако апрлација ги укина кривиен повторно им пресуди исти казни. 2020 останува да се слушнат повеке првостепени пресуди за предметите на СЈО.
А годината почна во полн залет. Политичарите преговараа за продолжување на мандатот на СЈО. Имаше предлози СЈО да се направи уште посилноа Јанева требаше да и земе голем дел од надлежностите на Русковска. Но на крај Јанева падна во надлежност на Русковска.
По 15 септември без нов закон и со Јанева во притвор, обвинителите од СЈО и нивните предмети се враќаа во старите обвинителства, но само на хартија. Во реалноста, предметите и обвинителите си останаа во зградата на СЈО. Таму пак без шеф и потписник на сметки се најдоа пред исклучување на струја. Вработени во СЈО останаа неколку месеци без плата а ударна тема станаа беа и Бонусите во СЈО- за едни превисоки и незаконски за други реални и засужени.
Годинава дел од обвинетите за 27 април годината ја почнаа релаксирани и амнестирани другите дочекаа високи затворски казни.
Последниве месеци топ тема е судењето за Рекет. Прашањата на боки 13 сведочењата на орце Камечв и другите бизнисмени кои се редеа во судница. Некој саркастиечн некој низ солзи ги раскажуваа доживувањата со Јовановски или Јанева.Зоки Кичеец прв излезе од игра. Призна вна и ја слушна пресудата
Крајот на годината одекна и алармот за нови аболиции го вклучи Уставен па политичарите се забрзаа да го пресретанат со автентично толкување на собранието. А Бомби одекнуваа речиси во текот на цела година. Ел Чека тресеше од САД преку фб. Приватни разговори ечеа и од Италија преку весникот Ла верита но и на ју тјуб на руски и други социјлани мрежи. Кој ги вадеше и од каде не се дозна.
2020 треба да почне со обвинение за измамите преку Меѓународниот сојуз на Боки 13, одлука на Кривичен. дали ќе има судење за организаторите на 27 ми април. Се очекуваат и првостепени пресуди за професорите од економски обвинети во Еразмус за сообракајката кај Ласкарци, за убиството на Пино Секондо, за Шпански скали.
Елена Ивановска Мукоска