
Министерството за труд потпиша договор за изградба на 4 градинки
Министерството за труд потпиша договор за изградба на четири градинки во Арачиново, Карпош, Валандово и Пробиштип во вредност од 134 милиони денари и со капацитет за 315 деца.
Во дел од општините ова ова ќе бидат првите изградени градинки досега, а се дел од вкупно 13 кои треба да се градат со Грант од Светска Банка.
Царовска рече дека дополнително во буџетот за наредната година се издвоени 105 милиони денари, а во две и пол години за оваа намена биле инвестирани 180 милиони денари.