Опожарена канцеларија во Градската општа болница „8 септември“

Канцеларија во која се чувал архивски материјал во Градската општа болница „8 Септември“ е опожарена ноќеска, но нема повредени лица. Причинета е само материјална штета.

Од Министерството за здравство информираат дека други простории не се зафатени со пожарот.

Пожарот е изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје од каде за МИА изјавија дека интервенирале со две возила и пет пожарникари. Пријавен е во 22:20 часот и благодарение на брзата интервенција на Противпожарната единица не е дозволено да биде проширен во околните простории. Причините за пожарот ќе бидат утврдени од страна на надлежните институции.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ