Од ќелии со мувла до соларни панели во Шутка

Медиумската прошетка почна од она кое е најлошото. Се уште мувла и влага по ѕидовите на последната келија во затворскиот блок Б. Такви биле и овие келии но сега веќе се реновирани и во нив ќе се вселат дел од притворениеците. Вградени се колектори и соларни панели за топла вода и поефтина енергија, а во тек е гасификација во затворот во Шутка.

Најголем дел од инвестициите всушност се донации од приватни фирми, државата ги дозволила,  а директорот ги причита сите фирми кои помогнале за подобри услови за затворениците. Затворот конечно добил и имотен лист, бидејќи досега се водел како дивоградба. Затворската управа планира да ги намали трошоците со формирање на интервентна полиција, со нив ќе избегне ангажмани на полицајци за транспорт на притворениците. Досега само за таа ставка затворот должи над милион евра на МВР. Донацијата во шлемови и заштитни елеци е добиена од фирмата АТС, чиј соптвеник беше притворен и чека судење за шпионажа во Белград.

Во затворот во моментот има околу 260 притвореници и околу 100 затвореници со казни до три години затвор. За нив се грижат околу 100 чувари. Има потреба од уште бидејќи во притворот се наоѓаат осомничени и обвинети од економски криминалци до терористи. Платите на вработените во зтаворот од Нова година ќе бидат повисоки за 30 проценти. Има корупција меѓу нив, но се води борба против тоа, убедува Рахиќ.

Шутка и натаму останува актуелно место, каде во моментот се наоѓа Бојан Јовановски-Боки 13, но престој во затворот оваа година имаа и екс специјалната обвинителка Катица Јанева, министерот Миле Јанакиески, но и други познати лица.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ