КОД: Роден во Македонија, одбиен за државјанство, си бара депортација

Роден е во Македонија, но за разлика од сомнителни странски инвеститори гостиварецот Скендер Шаини не може никако да добие државјанство. Додека КОД ја подготвуваше неговата приказна, Шаини по 15-ти пат доби негативен одговор и сега бара властите да го депортираат во неговата родна земја, иако тој е роден тука.

Нема лична карта, нема здравствено осигурување, нема транскациска сметка, не може да се вработи. А не го знае ниту одговорот зошто е одбиен за државјанство.

Во КОД вечерва и за новите обвинувања против реисот на ИВЗ, како и за градежната битка за ридот над Трнодол.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ