Во Скопје се протестираше со маски против загадениот воздух

Ја нема типичната бучава на граѓанските протести. Овој, пат револтот од загедниот воздух го изразија најмладите, со молк. Родителите, пак, загрижени за нив.

Една седмица, до денешното климатско проветрување граѓаните дишеа, магла, но и опасни пм 10 честички- 10 –пати над дозволените граници. Од првата детска амбасада „Меѓаши“ барат итно од властите да забранат децата да одат на училиште во овие критични периоди.

Лекарите, пак предупредуваат дека децата дишат атмсоферската опасна прашина, со која предизвикува трајни последиците.

Локалните власти ветија, но не посочија кој го труе Скопје, е стават на граѓантиек ои протестираа. Кога не се знае точната причина – простот е вперено кон неколку фактори.

Протестот започна и заврши за кратко. Помасовен интерес се покажа на социјаланите мрежи каде и беше закажан. Овој пат за разлика од пред 3 месеци не присуствуваа гградоначланиците, пратениците и политичарите, на кои граѓаните денеска им испратија порака.

И светската здравствена органзиација воздухот во Скопје го вброи во најзагаедните во светот, и процени дека заради оваа причина во Македонија умираат приближно 3000 луѓе годишно, додека властите неуморно препорчауваат мерки, и планираат проекти во иднина кои ќе ја разеленат животната средина и подобрат воздухот во Скопје.  

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ