
Кој ќе ја зафати фотељата на Заев, кој ќе го замени Спасовски во МВР?
Двајца кандидати за технички премиер и еден аманет од актуелниот. Иако никој од СДСМ не кажува кое име ќе ја продолжи низата на претседатели на влада од трети јануари со технички мандат за спроведување на предвидените избори за во април, се издвојуваат двајца кандидати за кои нема место во техничката влада. За Мила Царовска денеска беше објавено партиско видео снимано во кабинетот на министерот за труд и социјална политика. Меѓу одговорите на многубројни блиц прашања, од например дали сака повеќе турско кафе или еспресо, Царовска понуди и предлог- Македонија да добие премиер жена.
Спасовски пак во МВР беше на презентација на нов проект поврзан со електронско издавање на записници од увид по сообраќајни незгоди. За тоа дали има желба да ја промени функцијата со повисока позиција во владата, не одговара директно.
Заев уште ја држи првата позиција на Илинденска. Не кажува предлог-имиња туку вели дека остава аманет на за јавноста непознатиот наследник.
Ниту ВМРО-ДПМНЕ не открива кои кандидати ќе ги сменат Спасовски и Царовска, од една страна се спомнуваат пензионирани директори на службите во МВР како експерти, од друга страна се шпекулира за чисти и цврсти партиски луѓе за двете позиции. Опозицијата во техничка влада има уште три заменички министерски места во земјодлелство, во финансии и во администрација.
Миомир Серафиновиќ