Видео и фотографии од запалениот автомобил во центарот на Скопје

На фотографии кои се направени ноќеска на паркингот пред ТЦ Зебра се гледа како автомобилот гори. Фотографијата е направена пред два часот рано наутро. Автомобилот е целосно во оган кој е висок повеќе од два метри. Во тие моменти веќе е пријавено во полиција, а противпожарниот тим е на пат кон местото каде е запалено БМВ-то.

На втората фотографија се гледа како пожарникарите веќе интервенираат и го гаснат запалениот автомобил. Пожарното возило е на улицата Васил Ѓоргов каде се случил инцидентот

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека увидот е во тек и тврди дека вакви инциденти со запалени автомобили се намалени, тврдејќи дека не е точна констатацијата за зголемен број на вакви инциденти.

-Увидот е во тек. Од слични случаи истрагите покажуваат дека добар дел од запалените автомобили се запалени сами од себе односно поради определен дефект, а другиот дел се подметнати пожари, изјави Спасовски.

Пожарот според првичните сознанија е подметнат, а сопственик на БМВ-то е приватна фирма, додека корисник на автомобилот е бизнисмен кој се занимавл со градежништво.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ