(видео)По три години затвор за екс раководството на АД ЕЛЕМ

Сите тројца обвинети во слуајот „Тарифа“ – екс генералниот директор на ЕЛЕМ Дејан Бошковски и раководителите на сектори  Ненад Ѓорговски и Методи Стојменовски се осудени на по 3 години затвор за злоупотреба на службена положба и овластувања.

Судот го задолжи осудениот Ѓорговски на надоместата штетата 20 илјади евра, а Стојменовски на 30.000 евра во рок од три месеци од изрекување на пресудата.

Воедно АД ЕСМ надоместокот на оштететата да го остварува во судски спор.

Сега осудените направиле штета од 456.000 евра како организатори на проектот за имплементација на ерп системот на АД ЕЛЕМ.

Осудените, кои треба да ги платат и трошоците за судската постапка и вештачења, имаат прво на жалба на пресудата.

Судот ги ослободи Стојменовски и Ѓорговски по точка еден од обвинението за злоупотреба на службена должност со противзаконска набавка на софтверски систем за потребите на АД „ЕЛЕМ“, со што, како што стоеше во обвинителниот акт, и причиниле имотна штета на компанијата од 450.000 илјади евра.

Судот образложи дека сите тројца се осудуваат на казна затвор прогласувајќи ги за виновни за повеќе кумулативни дејствија од повеќе точки од обвинението, иако според обвинителниот акт јавниот обвинител бараше одделна одговорност за сите точки од обвинението.

Судскиот процес го водеше судијката Софче Гаврилова Ефремова, а застапник на обвинението е Трајче Пеливанов.

Сите обвинети на почетокот на судењето се изјаснија дека не се чувствуваат виновни. Случајот го отвори поранешното Специјално јавно обвинителство во 2018 година, за потоа да премине во надлежност на Јавното обвинителство

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ