
Техничкиот персонал во болниците на протест за повисоки плати
Администрацијата во здравствените установи, целиот персонал од болничари, возачи и други служби – бараат државата да не ги игнорира во моменти кога се зголемуваат платите на докторите. Гневни се затоа што и тие бараат повисоки плати, но нивните преговори со здравствените власти не дадоа никаков резултат. Ја имаат поддршката од Синдикатот на вработени во Клиничкиот центар и други синдикати. До нив упатија апел, докторите и сестрите да се сожалат со нив и да не го потпишат колективниот договор ако и администрацијата не е дел од зголемувањето на платите.
Советот на Синдикатот на Клинички веќе има донесено некаква одлука. Тие решиле колективните договори да бидат потпишани, но признаваат дека ова е непријатна ситуација во којашто се наоѓаат, како борци за работничките правата на сите од Клинички.
Ако колективните договори не бидат потпишани, а во меѓувреме се формира техничка влада, може и докторите и сестрите да останат без зголемувањето на платата од февруари месец. Од Министерството за здравство сметаат дека нема да дојде до таква ситуација. Министерот Филипче во телефонски разговор за Телма брифира дека тие веќе иницирале здравствената администрација да се одвои од јавната, за да биде под нивна ингеренција.
Петар Догов