Јавна дебата за изборниот законик

            Бројот на изборни единици треба да се намали. Ова може да биде заклучокот од јавната дебата за менување на Изборниот законик, со сугестии на експертите дека треба да се искристализираат решенијата дали ќе има една изборна единица, дали ќе се воведат отворени листи, дали ќе има изборен праг и дали мандатите ќе се распределуваат според Д`Онтовиот или според некој друг модел.

            Професорот Шкариќ, авторитет за уставно право, вели дека најважно е што законот има поддршка од мнозинството пратеници. Смета дека може да биде објавен и без указ од спикерот Џафери.

          Предлозите за една изборна единица, отворени листи и еднаква родова застапеност се предложени од 17 пратеници, а поддршка имаат од СДСМ.

            ВМРО ДПМНЕ и ДУИ не присуствуваа на расправата. Законите ги блокираа поднесувајќи речиси 6 илјади амандмани и сугерираат отварање дијалог за промена на изборното законодавство по предвремените избори.

Соња Николовска

Објавено на
© 2026 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ