Македонија Политички измени или европски стандарди во МВР
Багерите ја опколија управната зграда на МВР, но им ја скинаа водата во правната служба на министерството. Водоводните цевки настрадале додека се уривале бараките каде порано беше одделот за економски криминал. Тука треба да никне 5-катна зграда за нови форензички лаборатории.
На промоцијата дојде и премиерот, на гости кај сериозниот кандидат за негов технички наследник. Новата зграда и новите услови треба да дадат придонес на истрагите во правосудниот систем, тврдеа говорниците иако правосудството во моментот мака мачи со застарени предмети и возрасни поротнички.
Половина час по свеченоста во кругот, отспротива дојде опозицискиот претставник- со критики за двајцата функционери дека во МВР незаконски се прерапсределени 300 поранешни вработени во УБК и дека се смислени десетици нови раководни места пред да се појави технички министер на опозицијата.
И независниот полициски синдикат го критикува врвот на МВР затоа што новата систематизација е донесена без да ги запознаат и дека во МВР селективно наградува врз основа на тоа кој е подобен. Синдикалците се изненадени од спојувањето на единицата Алфи со единицата за асистенции, спровод и обезбедување на транспорт иако министерот тврди дека новата единица за интервентна полиција е подобро решение во борба против криминалот.
Миомир Серафиновиќ



