63 годишен велосипедист од Брвеница прегзен од автобус

63 годишен велосипедист од Брвеница го загуби животот откако врз него удрил автобус управуван од жител на село Теново на возраст од 50 години.

Сообраќајната несреќа се случила вчера околу 17 часот и 30 минути на патниот правец Тетово – Волковија. Велосипедистот веднаш бил префрлен во тетовската клиничка болница каде почоинал за половина час, поради серизоноста на повредите.

Возачите велат дека овој патен правец е претесен со оглед на големата фрекфренција на возила, кои ретко ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Бараат поголема контрола од сообраќајната полиција.

Од СВР Тетово, велат дека контролираат но и казнуваат особено во овој период од годината, кога бројката на возила е значително зголемена со доаѓањето на печалбарите.

Зоран Димовски

Објавено на
© 2026 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ