Браќата Будисављевиќ ја организирале трговијата со кокаин, актерката Стојановска логистички им помагала

Колумбија- Мадрид- Западна Европа е рутата кои браќата Будисављевиќ ја организирале за да го набават, чуваат и да ги распродадат 700-те килограми кокаин.

Во јули братот на Воислав Будисављевиќ заминал во Колумбија, купил кокаин и платил на капетан на брод 850 илјади евра за да му го превезе до Шпанија. Кокаинот го следела американската ДЕА,  јавила на шпанските полицајци а на помош заминал и еден македонски инспектор за дрога.

На снимките од Мадрид – Шпанија освен Будисављевиќ полицискиот мешан тим ги апси и двајцата шпански државјани.

Дрогата ја порачал во јули од Колумбија, а наредните 5 месеци договорал купци во Шпанија, Белгија, Холандија, додека неговиот  брат Воислав Будисављевиќ и сопругата и актерка Силвија Стојановска му помагале да најде купци.

Силвија Стојановска е опишана како соработник, дејствувала како логистика, патувала и вадела пари. 

Воислав Будисавлевиќ е во истражниот затвор во Шутка. Неговиот брат ја дели истата судбина во Шпанија, а актерката Стојанвоска се спасила од притвор затоа што не била директно вмешната со набавката и со купците на кокаинот , не била осудувана и вработена посочи обвинителката Коневска во објаснувањето зошто Стојановска е во куќен притвор.

По пет дена молк во јавноста, обвинителство од Скопје најави дека ќе замине на координативна средба со колегите во чии што земеји се одвивала акцијата за да се разменат доказите.

За ралика од Стојановска која глуми во домашната серија „Семејството Марковски“,  Будисављевиќ е осудуван во 2010 година дека  заедно со Персида Момировска – Мадам Пепи, исрпаќал кокаин од Перу, а  Момировска, покрај брендираната гардероба во својот стан го продавала и кокаинот.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ