
Година ипол по протестите – децата од малиот групен дом во Тимјаник се дружат со другите деца
Жителите на Тимјаник минатото лето не сакаа да примат четири деца со попреченост во своето соседство. Бараа градинка наместо мал групен дом. Година и половина подоцна – работите се сменети. Децата од малиот групен дом во Тимјаник се дружат со другите децата од соседните куќи, заедно си играат и слават родендени. Повозрасните кога пазарат во продавницата во близина на нивниот дом, им купуваат чоколада и грицки и ги посетуваат секојдневно.
Децата сега се сместени во далеку подобри отколку порано. Живееја во Заводот во Демир Капија. Тие си заминаа од таа институција каде што веќе не се примаат нови корисници. Сепак, некои од оние коишто здравствено и физички се во подобра состојба и живеат таму долги години, се навикнати на условите и не сакаат да си заминат.
Надлежните планираат во иднина никој да не живее во Заводот туку во помали заедници каде што ќе примаат подобра грижа.
Деинституционализацијата е процес кој го водат од Труд и социјала и кој е дел од Законот за социјална заштита откако истиот беше дополнет и изменет. Примери се земени од земји од Европската унија.
Деинституционализацијата веќе испразни некои домови. Таков е „25 мај“ во Скопје. Штитеници веќе нема. Објектот сега чека реновирање, а мајсторите ќе имаат многу работа да направат санација внатре. Потоа се планира негова пренамена за во зградата да се даваат некакви други социјални услуги.
Петар Догов