Почнува да се слуша гласот на советниците

Креираат локални политики и носат важни одлуки за општините, но се уште се во функција на градоначалниците. Мнозинството советници ги поддржуваат одлуките и она што им го сервира првиот човек на општината. Но, невладините  кои истражува на терен и работат со локалните пратеници велат дека состојбите почнуваат да се менуваат. Борис Шарковски од штипската Фондацијат за развој на локалната заедница смета дека почнува да се слуша гласот на советниците.

Советниците  сметаат дека погрешно е мислењето на јавноста оти тие се само гласачка машинерија. Тврдат дека се транспарентни и имаат средби со жителите од населбите од каде што доаѓаа. Дел од нив се избориле на веб страниците на општините да ги има нивните телефонски броеви, но остануваат без поддршка на локалната админситрација, кога станува збор за просторија во којашто би имале средби со граѓаните.

Во земјава само три отсто  се независни осветници, додека останатите до 1.336 во советите влегле бидејќи  се нашле на листите на партиите и нивните коалициони партнери. На крајот од годината, нивниот глас е најважен за градоначалниците и граѓаните, кога се носат општинските буџети во кои се нотираат инфраструктурните проекти за населбите и селата.

Викторија Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ