
Улицата Гоце Делчев во Тетово како ‘оф роуд’ патека
Улицата Гоце Делчев преполна е со дупки, а не е решен проблемот со фекалната и атмосферската канализација. Делницата е како оф роуд патека.
Од Општина Тетово велат дека имаат изготвено проект кој ќе се финансира од Светска Банка
Вакви слични ветувања беа дадени од градските власти во два наврати.
- Најверојатно оваа година ќе се реконструира улицата Гоце Делчев, ако не оваа наредната сигурно, изјави Арсим Хуредини раководител на сектор за комунални дејности при Општина Тетово.
Од буџетот на општината се предвидени 12 милиони денари за реконструкција на Гоце Делчев. И градежните активности ќе започнат во 2019 година.
Улицата Гоце Делчев е долга 2 километри и целосно го поврзува стариот дел на Тетово.
Зоран Димовски