Лидерите од Западен Балкан договорија нови мерки за интензицирање на соработката и забрзување на евроинтеграцијата

Црна Гора ја поддржува иницијатвата Мини Шенген, а црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ, прифаќа да биде домаќин на некоја следна средба,  но не потврди  дали   ќе го стави својот потпис на декларацијата  за унапредување на соработката во регионот. На прес конференцијата што денеска се одржа во Тирана по третата средба на лидерите на Македонија, Албанија и Србија , Ѓукановиќ рече дека секоја регионална соработка е добредојдена, но Црна Гора не прифаќа алтернативи за челнството во ЕУ.  

-Јас во овој дијалог не препознавам идеја за некоја друга унијакоја би била  супституција за нашата идеја да сме дел од ЕУ. И кога тоа би се појавило наш одгвор ќе биде Не благодарам, ние сакаме да сме дел од Еу и на тој план веќе долго и вредно работиме, изјави Мило Ѓукановиќ, претседатл на Црна Гора

За премиерот на Албанија Еди Рама одбивањто Косово  да биде дел од овој процес е несфатливо

-Оваа иницијатива е инклузивна, отворена, не поставува услови и не се наметнува никому. За мене постојаното одбивање на косовските власти да дојдат на оваа маса е несфатливо. Овде сме да изградиме мостови  меѓу минатото кое не разделува и иднината што не обединува, во ниту еден случј историјата не покажала дека самоизолацијата донела добро за идните генерации, рече Еди Рам.

Претседатлот на Србија Вучиќ и македонскиот премиер Заев,  ги посочија придобивките што се очекуваат од регионалната соработка-олеснување на граничните и царинските процедури, полесен проток на луѓе, стоки, капитал и идеи.

-Ќесе  обидеме да формираме единстевн пазар на труд затоа што тоа ќе значи убедливо поголемо привлекување на странските инвеститорите Кога Србите и Македонците ќе сакаат да работата во Абанија ќе треба само да се евидентираат и потоа да имаат трајна работна дозвола за работа во Албанија. Исто ќе биде и со  албанските и македонските работници во Србија. Тоа е од огрмно значење, изјави Александар Вучиќ, претседател на Србија

Во послените неколку месеци, неколкукратно докажуваме дека градиме нов Б лакна, Балкан на 21 век, во кој што седиме разговараме и праиме многу повеќе од тоа што досега сме го правеле, рече Заев.

Регионалната средба   во Тирана ја следеа политички и финасиски институции на ЕУ, Светска банка, претставници на САД, што за лидерите од Западен Блакна е поддршка на иницијативите што произлегоаа од овој процес. Следната средба е најавена во белград во февруари селднат година.

Емилија Мисирлиевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ