
МОК го смени името во Олимписки комитет на Северна Македонија
На денешното Собрание на Македонскиот олимписки комитет по предлог на Васил Тупурковски (претседател на МОК) по измените на уставното име е одлучено новото име да биде Олимписки комитет на Северна Македонија.
- Кога беше формиран и потоа останавме МОК без да ја употребуваме кратенката ФИРОМ. Нo сега по одлуката на државата и уставните измени имаме нова ситуација и мора да ја почитуваме, рече Тупурковски и повика да се потврди одлуката и да се проголта тоа.
На Собранието беше сменет и Статутот со што ОКСМ ги усогласи своите акти со актите на меѓународниот олимписки комитет со помош на специјален пратеник од Женева.
Преговорите за промените поради несогласувања во комитетот во Скопје траеле до рано утрово по што е одлучено да се смени Статутот и да се смират страстите меѓу двете спротивставени страни.
Примислав Димовски и Перо Антиќ се избрани за потпретседатели на МОК, а Тупурквски останува на претседателската функција се до завршувањето на олимпијата во Токио, по што би се одржало изборно собрание.
Тупурковски кој е претседател на МОК односно од денес на ОКСМ од 1992 – ра ќе остане на позицијата и за Олимпијадата во Токио догодина и неговите ривали ветија дека дотогаш нема да се дозволи вонредно собрание за промена на раководството.