
Јавна расправа може да се одржи и на скали
Деловничките укажувања на Талат Џафери не го поколебаа Александар Кирацовски. Вели дека в среда: пратеници, политичари, експерти и невладини ќе разговараат за Изборниот законик, ако треба и на собраниските скали, па не е важно дали тоа ќе се нарече јавна расправа, дебата или дискусија.
И предлагачите на една изборна единица и отворени кандидатски листи се чудат на таквото толкување на Деловникот. Се одржале стотици јавни расправи, потсетуваат 17-те пратеници од помалите и од етничките партии на малцинските заедници.
Откако Кирацовски закажа јавна расправа за Изборниот законик, спикерот Талат Џафери му порача дека во оваа фаза тоа е деловнички невозможно и дека Собранието прифатило законите да одат во скратена постапка. До крајот на неделата се очекува службите да ги преведат сите 5 илјади 900 амандмани поднесени од ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, по што ќе биде закажана и седница на комисијата.
Соња Николовска