
Ќе се корегира Резолуцијата за осуда на монтирани судски процеси
Низа обвинувања предизвика резолуцијата со која Собранието ќе треба да им се извини на граѓаните за монтираните судски процеси и да ги осуди масовните повреди на човековите права. Поради неможноста да се усогласат членовите на Анкетната комисија, договорија да формираат работна група која ќе го корегира текстот на Резолуцијата.
Владејачката СДСМ смета дека официјалното извинување е високо морален државен чин за сите оние кои биле неправедно осудени и репресирани.
На комисијата беа присутни и обвиниетите во случаите „Агент“ и „Шпион“ Слободан Богоевски и Марјан Маџовски. Доколку се усвои Резолуцијата, Владата ќе се задолжи да ја спроведе и да се задолжи да ги спроведе реформите во безбедносниот, правниот, образовниот систем со цел да се обезбедат гаранции дека никогаш нема да се повторат масовни повреди на човековите права.
Јулијана Пешевска