Забрчанец: Осуда за директорката која се заканувала со последици врз учениците

„Имаме здраво општество. Општество на граѓани кои остро се противат на поединци кои имаат проблем со демократијата, како што е фамозната директорка која се заканувала со последици врз учениците. Нема простор за закани, осуда за овој недемократски чин“, напиша на ФБ Марјан Забрчанец, националниот координатор за стратегиски комуникации во владата.

Во видео кое се појави на Фејсбук се слушаа лкако директорката на гимназијата „Никола Карев“ во Скопје им вели на средношколците: „Само вие протестирате и нема настава. За последиците не ви гарантирам“.

Средношколците од скопските гимназии Kорчагин, Oрце Николов и Карев денеска ја прекинаа наставата во знак на протест против енормно загадениот воздух. Дел од директорите се обиоа да ги вратат на настава но без успешно, средношколците велат дека и во двете смени ќе нема настава и дека попладне во 17 ќе се приклучат на маршот за чист воздух.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ