Извозниците ги чекаат мерките за економски раст

Фирмите извозници имаат позитивен став во однос на мерките за економски раст. Во ситуација кога стимулациите беа главно насочени кон земјоделието, очекуваат сите домашни извозни компании да аплицираат за добивање на финансиска поддршка иако таа велат не е пресудна за опстојувањето и развој на нивните фирми.

„Не е работата само да се добијат и потрошат стимулациите, туку да се потрошат за инвестиција и развој во нови машини, луѓе и нови стандарди“, вели Горан Антевски од Клубот на извозници при Стопанската комора.

„Субвенција за 2017 ќе ни донесе 10-15 % раст, математиките ни се дека би добиле 80 до 90.000 евра“, вели Ирена Јакимовска од Клубот на извозници.

Предлог законот за финансиска поддршка на инвестициите според нив, ќе ги изедначи домашните и странските компании, но за да зборуваме за зголемен извоз за 10-15 па и повеќе проценти, мерките велат, мора да се однесуваат и на малите фирми кои учествуваат во извозот на други компании.

„Да се зголемува вертикално, ке донесе стабилност на малите и средни и ке се зголеми нивното партиципирање во крајниот производ што е предмет на извоз Допрецизирања и измени треба да претрпат мерките кои с еоднесуваат и на можноста да се откупи фирма која е во стечај а има помалку од 50 вработени“, додава Јакимовска.

„10 % се враќа од инвестицијата за откуп на фирма од стечајна маса, со задржка да има минимум 50 врабаботени, ме чуди зошто ограничување кога има мали фирми и можеме да ги рестартираме“, вели Антевски.

Македонската економија иако е извозно ориентирана бележи голем  дефицит во трговската размена во износ од 1,8 милијарди долари за 11 месеци од 2017.

Виолета З. Стојановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ