
Приведувањето на Стојановска дел од меѓународна акција
Судија на претходна постапка и одреди 30 дена домашен притвор на актерката Силвија Стојановска, која е осомничена дека била дел од мрежа за шверц со кокаин. Според извори на Телма од истрагата, се работи за 700 килограми кокаин од Шпанија. Нашите извори велат дека таа била логистика на двајца браќа, македонски државјани, од кои едниот живеел во Мадрид и имал белгиско и македонско државјанство, додека другиот во Скопје.
Во Кривичниот суд, за овој случај, беше приведено уште едно лице, и за него е одреден 30-дневен затворски притвор. Притворот е одреден по сите три основи, опасност од бегство, влијание врз сведоци и повторување на делото.
Приведувањата се дел од поголема меѓународна акција, а неофицијално, истрагата ја води шпанската полиција.
За делото за кое е осомничена Стојановска, Кривичниот законик предвидува казна од најмалку пет години затвор.