Косовската полиција знае каде се двајцата обвинети во „Монструм“ избегани во Ксоово

Македонско-Косовската граница изутирнава трештеше од шок бомби и истрели од ќорци. Мешовитите полициски специјалци од МВР и од Косово апсеа криминалци кои се обидуваа да ја минат границата. Додека вежбаа заедно за да ги запрат криминалците да бегаат од една во друга држава, од околниот рид набљудуваа премиерот на Косово Рамуш Харадинај и министрите за внатрешни работи на двете земји.

Ако во иднина ги запрат криминалците да ги прескокнуваат границите остана неодговорено прашањето до двајцата министри зошто сеуште Косово не ги екстрадира обвинетите во случајот „Монструм“ за убиствата кај Смилковското езеро.

Додека Министерството за правда на Косово молчи, полицијата знае каде се обвинеите во „Монструм“ и ја чекаат документацијата за да ги испорачаат.

Полицијата на Косово е добро органзиаира и има одлична сорабтока со македонските колеги. И за лицата за кои прашѓувате неколку пати сум изјавил, и на две средби претходно сум кажал дека и владата на Р. Косово и минситерството за рпавда се подготвени за оваа процедура,

изјави косовскиот министер за внатрешни работи Бејтуш Гаши.

Спасовски му врати на својот колега дека двете минситерства одлично соработуваат, но потребно е сите инстуции да ја имаат ваква соработка за да се решаваат ваквите ситуации.

Македонија побарува криминалци и лица бегалци, но и испорачува. Пораншениот припадник на УЧК, Томор Морина по краткиот престој во истражниот затвор во Скопје, Македонија го врати во Косово. Колку сторители на кривични дела ја нашле слободата на Косово никој засега нема одговор.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ