
Пратеникот Енес Ибрахим предложи измена на Законот за учебници за основно и средно образование
Пратеникот Енес Ибрахими, кој е претседател на Партијата за движењето на Турците предлага измена на на Законот за учебници за основно и средно образование. Ибрахими објаснува дека Уставот припадниците на заедниците имаат право слободно да ги изразуваат, негуваат и развиваат својот идентитет и националните особености.
- За таа цел, јас како пратеник во Собранието на Република Северна Македонија денеска доставив Предлог закон за измена на Законот за учебници за основно и средно образование, со кој се предвидува печатењето на учебниците на мајчин јазик на етничките заедници да не биде условен со број на испечатени примероци, туку тие да се печатат според потребите на образовниот процес. Досегашното искуство покажува дека учебниците не се печатат на јазиците на заедниците со образложение дека за издавачките куќи не им било финански издржливо.
Со предложената законска измена ќе се овозможи квалитетен образовен процес на припадниците на етничките заедници во земјава, вели Ибрахими.