Три девојчиња згазени во Чаир

На улицата Христијан Тодоровски-Карпош во Чаир претпладнево се згазени три ученички. Во моментот се врши увид на местото на сообраќајната несреќа, поради што бил прекинат сообраќајот на улицата која се наоѓа во близина на трговскиот центар Чаирчанка.

Повредените се префрлени на скопските клиники. Едно од девојчињата има потешки повреди, тврдат очевидци за Телма.

Во малолетните деца удрил пасат со скопски таблички, соопштија од МВР.

Очевидците кои ја контактираа Телма велат дека на улиците Цветан Димов и околните големи сообраќајници често се случува автомобилите да возат брзо без разлика на пешаците.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ